ПРВ.мк
Црна Хроника

Експлозија во фабрика однесе животи

Експлозија во фабрика однесе животи

Неколку лица загинаа, а најмалку 12 се водат за исчезнати по експлозијата што денеска го погоди воениот објект за производство на експлозиви во сојузната држава Тенеси, САД.

Според локалните власти, детонацијата предизвика серија помали експлозии и потресе околните куќи. На терен се голем број служби за итни случаи кои работат на проценка на штетата и гаснење на пожарот, но спасувачките екипи засега остануваат на безбедно растојание поради опасност од секундарни експлозии.

Објектот е во сопственост на компанијата „Accurate Energetic Systems, LLC“, која е специјализирана за производство на воени експлозиви, и се наоѓа на границата на окрузите Хикман и Хамфрис, околу еден час возење југозападно од Нешвил.

Escape