ПРВ.мк
Црна Хроника

Драма по филмскиот грабеж во Гостивар: Џипот на разбојниците пронајден запален

Драма по филмскиот грабеж во Гостивар: Џипот на разбојниците пронајден запален

Возилото со кое вооружените разбојници побегнаа по спектакуларниот грабеж на златарница во центарот на Гостивар е пронајдено целосно изгорено на патот кон планинскиот премин Стража, во близина на свртувањето кон Маврово.

Според првичните информации, џипот бил намерно запален за да се уништат сите траги и докази што би можеле да ги поврзат сторителите со грабежот. На местото на настанот се присутни полициски екипи и форензичари кои собираат докази во обид да ги идентификуваат осомничените.

Разбојниците, вооружени со автоматско оружје, вечерва извршија дрска кражба во златарница во центарот на Гостивар. За време на бегството, тие фрлале бодликави жици на повеќе локации за да го попречат пристапот на полициските возила.

Гостиварската полиција и СВР Тетово спроведуваат интензивна истрага, а градот е под силно полициско присуство. Засега нема информации за идентитетот или местоположбата на сторителите.

Escape