ПРВ.мк
Црна Хроника

Нападнал вработена со нож – еве ги деталите

Нападнал вработена со нож – еве ги деталите

Полициските службеници од ОВР Кавадарци уапсиле 44-годишен жител на градот, Л.С., осомничен за разбојничка кражба извршена на 8 октомври. Според информациите од МВР, тој одзел производи поставени пред еден продажен објект во Кавадарци, но бил забележан од вработена која се обидела да ги врати.

Тогаш осомничениот ја нападнал со остар предмет, кој таа успеала да му го одземе, по што тој повторно физички ја нападнал и побегнал од местото.

По интензивна потрага, Л.С. бил приведен вчера околу пладне. Тој е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе му биде поднесена кривична пријава. Инцидентот предизвика вознемиреност кај жителите, бидејќи нападот се случил сред бел ден пред маркет во центарот на градот.

Escape