ПРВ.мк
Македонија

Последен топол викенд оваа есен – еве какво време не чека до крајот на октомври

Последен топол викенд оваа есен – еве какво време не чека до крајот на октомври

Македонија ќе ужива во стабилно и топло време до средината на следната недела, пред да настапи заладување и периоди со дожд.

Денеска времето е умерено облачно и потопло, со максимална температура околу 21 степен, а наредните денови ќе преовладува сончево и пријатно време.

Во петок и за време на викендот ќе биде претежно сончево, со дневни температури од 19 до 21 степен, додека минималните утрински ќе се движат меѓу 4 и 9 степени.

Во понеделник времето ќе остане стабилно и ведро, но од вторник се очекува зголемена облачност и благ пад на температурите.

Промена на времето ќе настапи од четврток, со локални врнежи од дожд и осетен пад на дневните температури. Кон крајот на неделата се прогнозираат повремени дождови и максимални температури меѓу 13 и 16 степени, што означува почеток на постуден есенски период.

Од 19 до 22 октомври ќе има пократки сончеви интервали со пониски температури од 17 до 19 степени, а потоа до крајот на месецот се очекува стабилно и претежно сончево време со дневни температури околу 18 степени.

Escape