ПРВ.мк
Свет

Властите предупредуваат граѓаните да се подготват за неколкудневни прекини на струја!

Властите предупредуваат граѓаните да се подготват за неколкудневни прекини на струја!

Шпанија се соочува со сериозна енергетска криза која би можела да ја остави земјата во целосен мрак. Властите упатија итно предупредување до граѓаните да се подготват за можни долготрајни прекини на електричната енергија, откако системот повторно покажа знаци на нестабилност.

Оваа година Шпанците веќе неколку пати останаа без струја, а најголемиот прекин беше во април, кога цели 60 милиони луѓе беа погодени од дефект кој траеше повеќе од десет часа. Иако владата тогаш соопшти дека станува збор за „плански технички проблем“, ситуацијата не е стабилизирана – мрежата и натаму се соочува со опасни флуктуации.

Според „Euronews“, државниот оператор Red Electrica утврдил дека нестабилноста е предизвикана од ненадејни промени во производството од обновливи извори, но и бавна реакција на постројките задолжени за контрола на напонот. Иако напонот моментално е во границите на дозволеното, секоја нова промена би можела да предизвика исклучување на цели региони од системот и колапс на електричната мрежа.

Компанијата предложи итни технички мерки и привремени регулативи за да се спречи преоптоварување на системот, но предупредува дека дури и тие не гарантираат стабилност. Јавната расправа за овие мерки трае до 15 октомври, а потоа ќе се одлучува дали тие ќе важат и по првичниот рок од 30 дена.

Во меѓувреме, властите ги советуваат граѓаните да се подготват – да обезбедат резерви на вода, храна со долг рок на траење, батериски лампи, свеќи и преносни полначи за телефони. Препораката е секој да има и готовина, топла облека и основен комплет за итни случаи, во случај земјата навистина да западне во неколкудневен мрак.

Escape