ПРВ.мк
Свет

Израел со историска изјава: „Хамас е скршен – повеќе нема сила да војува!“

Израел со историска изјава: „Хамас е скршен – повеќе нема сила да војува!“

Израелската армија денеска соопшти дека Хамас е целосно поразен и дека веќе не претставува закана каква што беше пред почетокот на војната во Појасот Газа. Портпаролот на израелските одбранбени сили (IDF), бригадниот генерал Ефи Дефрин, изјави дека организацијата е уништена на сите фронтови и дека израелската војска постигнала стратешка предност низ целата територија на Газа.

„Хамас не е истиот Хамас од пред две години. Тие се поразени на секое место каде што се соочивме со нив“, рече Дефрин, истакнувајќи дека израелските сили успеале да ги разбијат воените капацитети на организацијата и да ја елиминираат нејзината мрежа на командни центри.

Тој ги повика палестинските цивили во Газа да се држат подалеку од областите под контрола на IDF и да го почитуваат договорот за прекин на огнот, со цел да се обезбеди нивната безбедност.

„Ги повикувам жителите на Газа да не влегуваат во зоните под контрола на IDF. Почитувајте го договорот и обезбедете ја сопствената безбедност“, порача Дефрин.

Изјавата доаѓа во момент кога илјадници расеелени Палестинци започнаа да се враќаат во своите домови, по стапувањето на сила на прекинот на огнот постигнат со посредство на САД. Израелските сили веќе започнаа делумно повлекување од повеќе делови на Појасот Газа, а ситуацијата на теренот се смирува по две години жестоки борби.

Иако мировниот процес сè уште е во почетна фаза, оваа изјава на израелската армија се смета за најјасен сигнал досега дека војната во Газа е при крај и дека Хамас го изгубил најголемиот дел од својата воена моќ.

Escape