Во Велес се постави главната бина за „Питијада 2025“, каде што следуваат три дена богата музичка програма. Велешани и сите гости од државата ќе можат да уживаат во настапи кои ги покриваат сите генерации – од најмладите до љубителите на народна и современа музика.
Годинешната програма започнува денес, 10 октомври, со свечено отворање во 17:45 часот од страна на околу 230 деца од детска градинка „Димче Мирчев“, кои подготвиле специјална програма. Веднаш потоа, во 19:00 часот следува сечењето на големата пита, а собраните средства од неа ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Музичка програма и изведувачи по денови:
- 10 октомври, петок: 19:30 – Група „Соната“ со специјален гостин Перо Христов 20:45 – „Два бона“ 22:00 – „Куку Леле“ 23:30 – Калиопи
- 11 октомври, сабота: 12:00 – Стела и Сани (детска програма) 19:00 – Кате и Ѓоко Ѓорчев 20:15 – Пајак 21:30 – Мики Секуловски 23:15 – Северина
- 12 октомври, недела: 12:00 – Славејчиња од детскиот фестивал „Златно Славејче“ (детска програма) 18:30 – Анета Љумаковска 19:45 – „Либеро Бенд“ 21:15 – Викторија Лоба 22:30 – Бајага и неговите инструктори
На 10 и 11 октомври, забавната програма ќе трае до 01:00 часот по полноќ, додека на 12 октомври, во недела, музичката програма е предвидено да заврши на полноќ.


