ПРВ.мк
Македонија

МВР со детали за тепачката кај „Дукат“-има уапсени

МВР со детали за тепачката кај „Дукат“-има уапсени
Kristal

Вчера вечерта, пред угостителскиот објект „Дукат“ во Скопје, се случи масовна физичка пресметка, по што полицијата лиши од слобода шест лица.

Како што информираат од МВР, синоќа (09/10.10.2025) полициски службеници од СВР Скопје постапиле по пријава за нарушување на јавниот ред и мир. Лишени од слобода се С.С.(23), М.З.(24), А.Ѓ.(42), И.М.(33), М.З.(55) и Б.Р.(29), сите од Скопје.

Претходно, тие и неколку други лица влегле во конфликт со А.М.(40), Т.Д.(41) и М.Е.(45), кои исто така биле присутни во објектот.

Полицијата продолжува со мерки за расчистување на случајот, а по целосно документирање ќе следуваат соодветни поднесоци.

Escape