ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Автомобил излетал од коловозот, тројца патници се борат за живот!

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Автомобил излетал од коловозот, тројца патници се борат за живот!

Три лица се здобиле со тешки повреди во сообраќајна несреќа што утрово, 20 септември, околу 5 часот се случила на магистралниот пат Козарска Дубица–Драксениќ, во местото Јошик.

Во несреќата учествувал автомобил „пасат“, кој од засега непознати причини излетал од коловозот. Тешко повредени се возачот Д.К. и сопатниците О.Б. и А.Г., сите од Козарска Дубица.

По несреќата, повредените биле пренесени во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска во Бања Лука, каде што им била укажана медицинска помош.

Полицајците од Полициската станица Козарска Дубица извршиле увид на местото на несреќата. Засега не се соопштени причините поради кои возилото излетало од патот, а сите околности треба да бидат утврдени со истрагата.

Од Полициската управа Приједор упатија апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, нагласувајќи дека внимателното и одговорно однесување придонесува за поголема безбедност и на самите возачи и на останатите учесници во сообраќајот.