ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА НА ШАР ПЛАНИНА: Пронајдено безживотно тело - МВР со детали!

ТРАГЕДИЈА НА ШАР ПЛАНИНА: Пронајдено безживотно тело - МВР со детали!

Околу 17:30 часот од подрачјето на Шар Планина кон Тетово со хеликоптер било пренесено безживотно тело, кое претходно било пронајдено на надморска височина поголема од 2.500 метри.

Од СВР Тетово потврдуваат дека на Шар Планина е пронајдено безживотно тело, откако околу 14:30 часот граѓани пријавиле дека на планината се наоѓа лице во безживотна состојба. Од полицијата најавија дека повеќе информации за случајот ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.

Според неофицијалните информации, се работи за планинар-алпинист на возраст од околу 70 години, жител на тетовското село Џепчиште.

Телото било извлечено од високопланинскиот предел и со хеликоптер пренесено кон Тетово. Засега нема официјални информации за идентитетот на лицето, ниту за причините и околностите под кои настапила смртта. Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на увидот и официјалните постапки.