Доналд Трамп повторно е во центарот на вниманието – овој пат поради можноста да биде следниот добитник на Нобеловата награда за мир. Според извештаите, тој отворено зборувал дека ја посакува оваа престижна награда, која досега ја освоиле четворица американски претседатели: Барак Обама, Џими Картер, Вудро Вилсон и Теодор Рузвелт.
Интересно е што сите, освен Картер, ја добиле наградата додека биле на функција, а Обама стана лауреат само осум месеци по преземањето на претседателската должност – токму во слична позиција каква што сега има и Трамп.
Русија официјално соопшти дека би ја поддржала номинацијата на Трамп. Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, изјави: „Мислам дека сега би го поддржале тоа, доколку нè прашаат.“
Оваа изјава доаѓа само неколку недели по објавата од камбоџанскиот вицепремиер Прак Сохон, кој од говорницата на ОН соопшти дека неговата земја веќе го номинирала Трамп за Нобеловата награда за мир, поради неговата улога во постигнување прекин на огнот во граничниот конфликт со Тајланд.
Светските обложувалници моментално му даваат најголеми шанси токму на Трамп, со коефициент 2,1 (47,6% веројатност). Зад него се:
- Sudans Emergency Response Rooms – коефициент 2,3
- Yulia Navalnaya – коефициент 4,0
- Antonio Guterres – коефициент 10
- Doctors Without Borders – коефициент 12
- NATO – коефициент 13 (7,7% шанси)
Доколку навистина ја освои наградата, Трамп би станал петтиот американски претседател во историјата кој го носи овој престижен титул.