ПРВ.мк
Македонија

Судбинска вечер за Македонија – вечерва против Белгија за место на Светското првенство!

Судбинска вечер за Македонија – вечерва против Белгија за место на Светското првенство!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра можеби најважниот меч во својата понова историја – дуелот со Белгија во Гент, со почеток во 20:45 часот, кој ќе се пренесува на МРТ.

Ова е натпревар кој може да ја испише најубавата страница во македонскиот фудбал – чекор кон пласман на Светското првенство. Сите погледи се вперени кон црвено-жолтите херои кои, според Фудбалската федерација, треба да влезат со „позитивна мисла и максимална верба дека можеме да оствариме голем резултат“.

Иако Белгија е меѓу најсилните селекции во Европа и игра на домашен терен, Македонија има шанса да покаже срце, борбеност и карактер.

Играчите се подготвени да дадат сè од себе, а целата земја стои зад нив со порака: „Среќно момци – нека оваа вечер биде историска!“

Escape