Според прогнозата, минималните температури ќе бидат од 6 степени во Маврово до 16 степени во Гевгелија, а максималните од 23 до 32 степени. Во Скопје се очекува претежно сончево време со слаб северозападен ветер и температури од 14 до 31 степен.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 22 до 34 степени.
Во понеделник ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Во западните делови се очекува засилен, а повремено и силен ветер од западен правец со брзина над 50 km/h.
Во вторник времето ќе остане сончево со мала до умерена облачност. Во северозападните делови се можни слаби локални врнежи и ретка појава на грмежи, а ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен во источните региони. Температурите ќе се движат од 8 до 18 степени наутро и од 28 до 35 степени во текот на денот.









