ПРВ.мк
Македонија

Денешниот ден носи големи температурни разлики - ова ќе биде денес најниската минусна температура!

Денешниот ден носи големи температурни разлики - ова ќе биде денес најниската минусна температура!
Kristal

Утрово времето е ведро и студено, а преку денот се очекува сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен северен ветер со брзина над 60 км/ч. Минималната температура ќе биде од -8 до -2°C, а максималната од 3 до 10°C.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност, со умерен до повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4°C, а максималната ќе достигне до 7°C.

УХМР најавува дека во наредните денови времето ќе остане стабилно и студено, со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, на места и до -10°C. Преку денот ќе преовладува сонце со мала до умерена облачност, а ветерот ќе биде умерен до засилен од северен правец.

FixCredit
Escape