Бардо беше еден од најголемите секс-симболи на 20 век и светски позната фигура во киното и модата. Во младоста била балерина, а актерската кариера ја започнала во 1952 година. Светска слава стекнала со филмот „И Бог ја создал жената“ од 1956 година, кој ја промени перцепцијата за прикажување на женската сексуалност на големите екрани.

Во текот на кариерата, Бардо глумела во 48 филмови, учествувала во телевизиски емисии и снимила 80 песни. Пред својот 40-ти роденден, се повлекла од забавната индустрија за целосно да се посвети на активизмот и правата на животните.
Нејзиниот живот бил исполнет и со контроверзии – во 1990-тите, Бардо предизвикала реакции со своите ставови за имиграцијата, меѓурасните односи, исламот во Франција и хомосексуалноста, а пет пати била осудена за „поттикнување на етничка или расна омраза“.
Симбол на убавина, сексапил и гламур, Брижит Бардо останува икона на сексуалната слобода и феминистичка инспирација, личност која дефинирала епоха во светот на филмот и модата.
















