Во Белград продолжува потрагата по мажот кој вчера нападна 67-годишна жена во Нов Белград. Осомничениот, кој претрпел промени во изгледот – ја избричил брадата и немал капа, но сè уште носел идентично одело – бил забележан на трафика додека купувал сок со парите украдени од жртвата.
Нападот се случил во Блок 37, кога жената се качувала по скалите со своето внуче. Мажот ја избодел со остар предмет, нанесувајќи 9 убодни рани – три во десната клучна коска, една во левата клучна коска, четири во левото рамо и една во главата. Исто така, ѝ бил дијагностициран пневмоторакс.
Жртвата веднаш била пренесена во Ургентниот центар, каде лекарите ја санирале, а од утрово е во стабилна состојба. Лекарите нагласуваат дека нејзиниот живот не е загрозен, но состојбата се следи и ќе се направат дополнителни анализи.
Снимки од камерите покажуваат дека нападот се случил насред бел ден пред детето, кое сè го гледало, а осомничениот веднаш по нападот ја одзел чантата и побегнал. Полицијата продолжува со интензивна потрага, а министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ потврди дека мажот сè уште не е идентификуван.
















