На 27.12.2025 во 22:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода А.К.(43) од Гостивар поради основано сомнение дека извршил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.
При преглед на неговото патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски таблички, во багажникот беа пронајдени и одземени 9.095 парчиња различни пиротехнички средства.
А.К. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
















