Претпладнево во Куманово, силниот ветер предизвика пад на дел од покрив на зграда на улицата „Гоце Делчев“, во близина на крстосницата со булеварот „Трета Македонска ударна бригада“.
Регионалниот центар за управување со кризи веднаш ги извести општината и полицијата. Сообраќајот на место се регулира од страна на СВР Куманово, додека екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ го отстрануваат паднатиот лимен покрив.
Директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Сашо Томиќ, изјави дека расчистувањето се врши со механизација.
















