На 27 декември 2025 година во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полицијата го лиши од слобода 60-годишниот Б.К. од Скопје.
Околу 17:00 часот на улицата „Димо Хаџи Димов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ управувано од Б.К. и товарно возило „нисан“ управувано од 31-годишниот Е.Е. од село Морани, општина Студеничани. Во несреќата била повредена и 19-годишната пешачка А.С.
А.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека возачот Е.Е. и неговите сопатници К.К. (30) и М.Е. (19), исто така од село Морани, се здобиле со телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа, а Б.К. е задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува пријава според член 300 од Кривичниот законик.
















