ПРВ.мк
Македонија

„Магичниот куфер“ ги воодушеви најмладите на Кавадаречко културно лето

„Магичниот куфер“ ги воодушеви најмладите на Кавадаречко културно лето

Градскиот плоштад во Кавадарци и вечерва беше исполнет со детска смеа, аплаузи и прекрасна атмосфера, благодарение на детската претстава „Магичниот куфер“, која се одржа во рамките на манифестацијата Кавадаречко културно лето 2026.

Голем број дечиња, родители и посетители уживаа во магичната приказна, исполнета со фантазија, забава и многу насмевки. Настанот донесе уште една незаборавна културна вечер, во која најмладите имаа можност да бидат дел од вистинска театарска авантура под отворено небо.

Организаторите упатија благодарност до сите посетители кои со своето присуство и позитивна енергија придонесоа за прекрасната атмосфера, истакнувајќи дека токму ваквите моменти создаваат спомени што долго ќе се паметат.

Кавадаречко културно лето продолжува и во наредниот период со нови содржини и настани наменети за сите генерации.