ПРВ.мк
Македонија

БРУТАЛЕН НАПАД: Четворица крвнички претепале 17-годишник на паркинг!

БРУТАЛЕН НАПАД: Четворица крвнички претепале 17-годишник на паркинг!

СВР Штип поднесе кривична пријава против 20-годишниот Б.А. од Штип, поради сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, инцидентот се случил на 18 февруари годинава на паркинг простор во Штип, каде пријавениот, заедно со уште три лица, физички нападнале 17-годишно момче.

Во нападот малолетникот се здобил со телесни повреди, а случајот бил предмет на полициска истрага.

По целосното расчистување и документирање на настанот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава, додека надлежните продолжуваат со постапката за утврдување на одговорноста и на останатите учесници во нападот.