Дел од жителите на Скопје денеска ќе останат без вода поради интервенции на водоводната мрежа, информираат од ЈП Водовод и канализација.
Прекин во водоснабдувањето од 8:00 часот има за корисниците на улиците „Булевар Крсте Мисирков“ и „Отокар Кершовани“, каде се врши поправка на затворач со пречник од 300 милиметри.
Во исто време, без вода ќе останат и корисниците на Кеј „Димитар Влахов“, поради санација на два затворачи со пречници од 600 и 300 милиметри.
Од јавното претпријатие информираат дека водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршувањето на предвидените работни активности.







