ПРВ.мк
Македонија

Две држави, една можност – Македонците со Германски стаж добиваат шанса да дознаат нешто важно! Еве на кој датум ќе можат да добијат совети од Германските експерти.

Две држави, една можност – Македонците со Германски стаж добиваат шанса да дознаат нешто важно! Еве на кој датум ќе можат да добијат совети од Германските експерти.
Kristal

На 18 и 19 ноември 2025 година, во Скопје ќе се одржат редовните советодавни денови организирани од Фондот на ПИОМ во соработка со Германскиот носител за пензиско осигурување. Овој настан има за цел да им овозможи на граѓаните кои имаат работно искуство во Германија да добијат точни информации и стручни совети за своите права од областа на пензиското и инвалидското осигурување.

Во рамки на овие советодавни денови, граѓаните ќе можат да се информираат за условите за остварување на право на пензија според прописите на двете држави, постапката за потврдување на стаж навршен во Германија, како и за потребната документација при поднесување барање за германска пензија. Дополнително, ќе се даваат совети и за постапката за враќање на придонеси, како и за исплата на германска пензија во Северна Македонија.

Фондот на ПИОМ ги известува сите заинтересирани дека термин може да закажат на телефонските броеви 02 3250 452, 02 3250 453 и 02 3250 454. Граѓаните треба да понесат докази за осигурувањето во Германија, како и валиден документ за идентификација (лична карта или пасош).

Советодавните денови ќе се одржат во просториите на Фондот на ПИОМ, на улица „23 Октомври“ бр. 11, во салата за состаноци на четвртиот спрат, во следните термини: од 09:00 до 12:00 часот и од 14:00 до 16:00 часот на 18 и 19 ноември.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK