ПРВ.мк
Скопје

Во Кисела Вода започнува нешто ново за наставниците по физичко - еве кој го иницира проектот!

Во Кисела Вода започнува нешто ново за наставниците по физичко - еве кој го иницира проектот!
Kristal

Наставниците по физичко образование од основните училишта во Општина Кисела Вода во декември ќе започнат со специјализирана обука за работа со деца со посебни потреби. Овие обуки се дел од заедничката иницијатива на Општината и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, со цел унапредување на инклузивноста и квалитетот на наставата по физичко образование.

Договорот за спроведување на обуките произлезе од средбата меѓу градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, и деканот на Факултетот, професор д-р Влатко Неделковски. На состанокот се дискутирало за начините на подобрување на пристапот кон учениците со попреченост, како и за развој на нови методи кои ќе обезбедат рамноправно учество на сите деца во наставата и спортските активности.

Од Општина Кисела Вода соопштуваат дека целта на овие обуки е наставниците да стекнат знаења и вештини за препознавање на потребите на секое дете, прилагодување на вежбите и креирање инклузивна средина во која секој ученик ќе се чувствува прифатен и мотивиран.

– Ми беше особено драго што имавме можност да се запознаеме со активностите на факултетот и што заеднички можеме да придонесеме за подобро здравје и развој на децата, особено на оние со попреченост. Со деканот, проф. д-р Неделковски, разговаравме и за нови можности за соработка кои ќе помогнат во унапредување на спортот и физичката култура кај најмладите. Во мојот фокус останува подобрувањето на спортската инфраструктура и создавањето еднакви можности за сите деца, без исклучок – изјави градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK