ПРВ.мк
Македонија

Акција на полицијата во 3:30 по полноќ – има уапсени!

Акција на полицијата во 3:30 по полноќ – има уапсени!
Kariera
Kristal

Денеска, на 1 април 2026 година, околу 03:30 часот по полноќ, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка заедно со СВР Струмица спровеле координирана акција при која лишиле од слобода две лица од Струмица кои претходно биле во бегство од затвор.

Станува збор за С.М. (31), кој бил осуден на затворска казна од пет години, како и М.М. (38), осуден на казна затвор од четири години.

Двајцата биле правосилно осудени за кривично дело согласно член 236 во врска со член 45 од Кривичниот законик, а по нивното бегство од КПУ Затвор Струмица биле активно барани од надлежните институции.

По успешно спроведената акција и нивното приведување, лицата биле вратени во казнено-поправната установа во Струмица, каде ќе продолжат со издржување на затворските казни.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ваквите активности продолжуваат и во наредниот период, со цел пронаоѓање и приведување на сите лица кои се во бегство и избегнуваат издржување на казните.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo