ПРВ.мк
Балкан

СЕДУМ ДЕНА БЕЗ УТРИНСКА ПРОГРАМА: Српскиот регулатор ја казни телевизијата „Информер“, гледачите утрово ги дочека нешто неочекувано!

СЕДУМ ДЕНА БЕЗ УТРИНСКА ПРОГРАМА: Српскиот регулатор ја казни телевизијата „Информер“, гледачите утрово ги дочека нешто неочекувано!

Телевизијата „Информер“ во Србија остана без можност да ја емитува својата утринска програма во наредните седум дена, откако Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) донесе одлука за забрана поради прекршување на правилата што важат за време на изборната кампања.

Според образложението на регулаторното тело, причината за изрекувањето на мерката е политичкиот став што го изразила водителката на телевизијата за време на предизборниот период. Советот на РЕМ оценил дека со ваквото однесување биле прекршени законските правила што ги обврзуваат давателите на медиумски услуги во текот на изборната кампања.

Одлуката почна да се спроведува утринава, па гледачите кои ја вклучиле телевизијата „Информер“ наместо вообичаената утринска програма затекнале пробна слика со логото на телевизијата.

За одлуката вчера информираше и Драган Вучиќевиќ, уредникот на ТВ „Информер“, кој соопшти дека телевизијата добила официјално известување од Регулаторното тело за електронски медиуми.

Како што објасни Вучиќевиќ, забраната се однесува на емисијата „Прва инфо“, но и на слични програмски содржини, без оглед на тоа дали евентуално ќе им биде променет насловот, времето на емитување или некои други околности преку кои би можеле да бидат препознаени.

Мерката опфаќа конкретен утрински термин, односно периодот од 7 до 8:30 часот, во кој телевизијата нема да смее да ги емитува наведените програмски содржини.

Во меѓувреме, за денеска во 10 часот е закажана нова седница на Советот на РЕМ. На неа треба да се разгледуваат и претставки поврзани со наводни прекршувања на законските прописи, меѓу кои и оние што се однесуваат на телевизијата „Информер“.

Одлуката доаѓа во период на засилен надзор врз медиумското известување за време на изборната кампања во Србија, кога од телевизиите и останатите медиуми се бара да ги почитуваат правилата за политичко претставување и известување.