Почитувани родители, драги баби и дедовци, мили другарчиња,
Ве покануваме на најголемата забава под маски во општина Бутел, која ќе се одржи на 1 април во салата “Антон Димитров”, на Светскиот ден на шегата.
Започнуваме во 10:30 со многу музика, забава, детски претстави и најубавите детски маски.
1 април ќе биде денот кога ќе се забавуваме и заедно ќе се дружиме.
Се гледаме на супер забава!



















