ПРВ.мк
Свет

АМЕРИКА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА?! Пентагон донесе шокантна одлука: Се шири регрутацијата, во армија можат и осуденици!

АМЕРИКА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА?! Пентагон донесе шокантна одлука: Се шири регрутацијата, во армија можат и осуденици!
Kristal

Американската армија донесе значајни промени во правилата за регрутација, ја зголеми максималната возраст за регрутирање од 35 на 42 години и ги ублажи условите за регрути со одредени осуди за дрога.

Америка ја подига границата за регрутирање Промените стапуваат на сила на 20 април, а американската армија ќе ја зголеми максималната старосна граница за регрутирање од 35 на 42 години. Минималната возраст останува 18 години, односно 17 години со согласност на родителите.

Покрај зголемувањето на старосната граница, армијата ги укина ограничувањата за регрути со една осуда за поседување марихуана или опрема за дрога. Претходно, за таквите случаи беше потребна дозвола од Пентагон и дополнително тестирање на дрога. Сега, во морнарицата и воздухопловството веќе е дозволено регрутирање на лица постари од 40 години, додека маринците ја задржуваат границата од 28 години.

Според извештајот на RAND од 2022 година, постарите регрути претставуваат значителен потенцијал за раст, бидејќи често се технички квалификувани и поискусни. Сепак, истиот извештај предупредува дека постарите кандидати имаат поголема стапка на напуштање за време на основната обука.

  • „Гледаме на поискусна популација која можеби има техничко искуство“ – изјави Ангела Чипман, шефица за прием на воено персонал во армијата на САД.

Пораст на регрутацијата во САД Во фискалната 2025 година, армијата забележа пораст на регрутацијата по неколкугодишен пад, привлечувајќи повеќе од 62.000 лица и надминувајќи го својот целен број од 61.000. За споредба, во 2022 година армијата не ги исполни своите цели за 25%.

Овие промени се воведуваат во време кога Соединетите Американски Држави водат војна со Иран, што вклучува распоредување на 2.000 војници од елитната 82. воздушно-десантна дивизија и маринци на Блискиот Исток.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape