Утре и задутре, во вторник и среда, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, ќе престојува во официјална посета на Македонија.
Поради тоа, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе воведе посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Скопје.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.



















