ПРВ.мк
Скопје

СКОПЈЕ ВО ФОКУС: Откриена бременост кај малолетничка по преглед на ГАК - како ќе постапат институциите понатаму?

СКОПЈЕ ВО ФОКУС: Откриена бременост кај малолетничка по преглед на ГАК - како ќе постапат институциите понатаму?
Kristal

Во Скопје, мајка пријавила во полиција дека нејзината 14-годишна ќерка е бремена, откако тоа било потврдено по лекарски преглед.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во раните утрински часови на 28 март. Мајката, откако се посомневала, ја однела ќерката на преглед во ГАК „Мајка Тереза“, каде лекарите утврдиле дека девојчето е во поодмината бременост.

По разговорот со родителот, малолетничката признала дека во текот на летото 2025 година имала доброволни интимни односи со свој врсник, со кого била во љубовна врска.

Од полицијата информираат дека се преземаат сите неопходни мерки за целосно утврдување на околностите поврзани со случајот.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape