ПРВ.мк
Скопје

КРАЈ НА ЗАПУШТЕНИТЕ ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ: Ѓорѓиевски најави голема реконструкција на јавните простори!

КРАЈ НА ЗАПУШТЕНИТЕ ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ: Ѓорѓиевски најави голема реконструкција на јавните простори!
Kristal

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави почеток на широка акција за реконструкција на пешачките патеки во градот со цел подобрување на безбедноста, функционалноста и уреденоста на јавниот простор.

Првата активност започна на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од мостот „Обединети нации“ до пешачкиот мост „Влае“, каде што се реконструира површина од 1.200 м².

„Оваа делница добива целосно нов лик – пешачка патека широка 4 метри, комплетно реконструирана и современо уредена, со нова подлога, подобрена пристапност, уредени рабници и зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот“, напиша Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил.

Според градоначалникот, оваа зона била меѓу најбараните од граѓаните поради долгогодишните проблеми и големата фреквенција на пешаците. „Со оваа интервенција, конечно ставаме крај на сликите на запуштеност и небезбедност. Ваквите слики стануваат минато“, истакна Ѓорѓиевски.

Градот најавува дека акцијата ќе продолжи со реконструкција на пешачките патеки, велосипедската инфраструктура и воведување на нови урбани решенија, со цел создавање функционален и уреден град кој ги става граѓаните на прво место.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo