Полициски службеници од ОВР Гостивар синоќа го уапсија 39-годишниот Љ.Ѓ. од Гостивар, откако при претрес во неговиот дом и помошни простории биле пронајдени дрога, оружје и муниција.
При акцијата, полицијата одзела 13 кесички со бела прашкаста материја, дигитална вага, околу 150 парчиња муниција од различен калибар, сигнален пиштол, патрони за ловечка пушка и една воздушна пушка.
Претресите биле извршени по судска наредба на две локации – стан на улицата Илинденска и помошни простории на улицата Балиндолска.
По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави согласно членовите 215 и 396 од Кривичниот законик, информираат од МВР.



















