ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРЕТРЕСЕ НА УЛИЦА, ПА МУ ВЛЕЗЕ И ВО ДОМОТ: Кај 19-годишен скопјанец пронајдени дрога и пари!

(ФОТО) ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРЕТРЕСЕ НА УЛИЦА, ПА МУ ВЛЕЗЕ И ВО ДОМОТ: Кај 19-годишен скопјанец пронајдени дрога и пари!

Деветнаесетгодишно момче од Скопје завршило во полициска станица откако при полициски преглед кај него била пронајдена марихуана, а дополнителна недозволена материја била откриена и при претрес во неговиот дом.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил на 9 ноември, околу 18:40 часот, на пешачката патека покрај реката Вардар, на подрачјето на скопската општина Ѓорче Петров.

Полициските службеници извршиле преглед на 19-годишниот скопјанец, при што кај него пронашле марихуана, која веднаш била одземена. По пронаоѓањето на дрогата, младото момче било приведено, а полицијата продолжила со понатамошни проверки.

Со судска наредба, по приведувањето бил извршен претрес во неговиот дом и други простории. При претресот биле пронајдени дополнителна бела прашкаста материја, како и пари. Сите пронајдени предмети биле одземени од страна на полициските службеници и ќе бидат предмет на понатамошна постапка.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против 19-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.