ПРВ.мк
Македонија

Work&Travel приходите под лупа: УЈП ќе ги даночи парите на студентите!

Work&Travel приходите под лупа: УЈП ќе ги даночи парите на студентите!
Kristal

Повеќе студенти кои работеле во Германија преку програмата „Work&Travel“ добиваат известувања од Управата за јавни приходи (УЈП) да поднесат електронска даночна пријава (Е-ПДД) и да ги пријават своите приходи.

Според информациите, најчесто станува збор за студенти кои по враќањето добиле поврат на задржан данок од Германија на своите девизни сметки во Македонија. Токму овој поврат, според УЈП, се третира како прилив, што отвора можност за дополнително оданочување.

Дел од студентите тврдат дека покрај пријавувањето на приходот, им се бара и плаќање данок од околу 10% на вратениот износ, а во одредени случаи и дополнително оданочување на целата заработка остварена во Германија.

Ова предизвикува дилеми, бидејќи Македонија и Германија имаат договор за избегнување двојно оданочување, што значи дека истиот приход не треба да се оданочува двапати. Сепак, нејасно е како се третира повратот на данокот, кој всушност претставува враќање на веќе задржани средства.

Студентските организации реагираат дека нема јасни насоки и дека различни подрачни единици на УЈП применуваат различни толкувања. Тие веќе побарале официјално појаснување од институцијата.

Во меѓувреме, рокот за поднесување на даночните пријави истекува на 31 март, што дополнително го зголемува притисокот и револтот кај студентите кои се соочуваат со неизвесност околу своите обврски.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape