ПРВ.мк
Македонија

БИЗАРНА ИЗМАМА: Велешанец „позајмил“ 4.000 евра за да докаже дека еврото постои!

БИЗАРНА ИЗМАМА: Велешанец „позајмил“ 4.000 евра за да докаже дека еврото постои!
Kristal

ОВР Неготино поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци против 67-годишен велешанец, осомничен за кривично дело „измама“.

Според информациите од МВР, на 19 февруари годинава во Неготино, осомничениот побарал од 76-годишен жител на градот 4.000 евра, тврдејќи дека треба да ги покаже на друго лице за да „докаже дека еврото е валидна валута во земјава“.

Откако ги зел парите, тој не му ги вратил на оштетениот и се оддалечил.

По преземени мерки, полицијата го пронашла и го лишила од слобода. Во службен разговор го признал делото, а оштетениот извршил и препознавање.

Против него е поднесена соодветна кривична пријава.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo