Министерството за внатрешни работи (МВР) најави линеарно покачување на платите за сите вработени во бруто износ од 2.470 денари, почнувајќи од исплатата за месец март 2026 година.
Во наредниот период, со воведувањето на новиот Закон за внатрешни работи, ќе се разгледува можноста за дополнително зголемување на платите.
Министерството истакнува дека продолжува со подобрување на условите за работа и стандардот на полицијата, со цел зголемување на безбедноста на државата и граѓаните.



















