ПРВ.мк
Балкан

Кој ги украде субвенциите? Грчките земјоделци обвинуваат, владата молчи - Ова се деталите

Кој ги украде субвенциите? Грчките земјоделци обвинуваат, владата молчи - Ова се деталите
Kristal

Грчките земјоделци излегоа на масовни протести низ целата земја, барајќи итно продолжување на исплатата на европските субвенции и државната поддршка. Демонстрациите прераснаа во едни од најмасовните во последните години, откако Министерството за аграрен развој ја суспендираше исплатата на сите земјоделски субвенции поради истрага за голема измама со европски фондови.

Според информациите, обвинителството веќе поднело обвиненија против повеќе од сто лица кои наводно примиле пари од ЕУ со лажни документи. Земјоделците, пак, ја обвинуваат грчката влада дека намерно го одолговлекува процесот и дека се обидува да го прикрие вистинскиот обем на скандалот.

Стотици трактори се паркирани пред Министерството за аграрен развој во Атина, додека во Солун и Лариса сообраќајот е блокиран. Најгласни се сточарите од островот Крит, кои специјално допатуваа во престолнината за да се приклучат на протестите. Во Александрополис, демонстрантите дури го блокираа аеродромот за да спречат посета на премиерот Кирјакос Мицотакис.

Земјоделците порачаа дека денешните протести се само предупредување и дека доколку нивните барања не бидат исполнети, ќе следуваат уште порадикални акции. На протестите присуствуваа и пратеници од опозицијата и лидери на неколку партии, кои отворено ја поддржаа иницијативата на земјоделците.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK