Почетокот на летната туристичка сезона донесе големи гужви на граничните премини кон Грција, при што туристите од Македонија и регионот се соочуваат со долги колони и повеќечасовни чекања.
Најголеми застои се забележани на преминот Доjран, каде што се формирала колона од возила долга повеќе од еден километар. Според информации од теренот, времето на чекање на одредени моменти надминува час и половина.
Слична ситуација е забележана и на преминот Евзони, кој традиционално е најоптоварен во овој период од годината. Поради тоа, дел од возачите се одлучиле да користат алтернативни гранични премини, со надеж дека ќе избегнат поголеми застои.
Сепак, пренасочувањето на сообраќајот кон помалите премини дополнително ја влошило состојбата, па и таму се создадени долги колони и забавен проток на возила.
Патниците велат дека иако граничните служби работат со засилен интензитет, бројот на возила е едноставно преголем за да се избегнат застои.
Властите и патниците апелираат на трпение, особено во првите викенди од јуни кога традиционално започнува масовниот летен одмор кон грчките плажи. Се препорачува и дополнителна подготовка за пат, доволно вода и трпение поради високите температури и долгото чекање.







