Поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, утре делови од Скопје привремено ќе останат без електрична енергија.
Според најавите од надлежните служби, од 08:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Банско“ во општина Кисела Вода.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија е предвиден и во населбата Кадино, каде дел од улицата „10“ ќе биде без струја во периодот од 09:00 до 11:00 часот.
Во истиот временски интервал, од 09:00 до 11:00 часот, електрична енергија нема да има ниту во објектите на Природонаучниот музеј и „Тобако“, кои се наоѓаат во близина на Зоолошката градина во општина Карпош.
Од надлежните ги повикуваат граѓаните и компаниите навремено да ги организираат своите обврски и активности согласно планираните прекини во снабдувањето со електрична енергија.










