ПРВ.мк
Македонија

СКАНДАЛ ВО УЧИЛИШТЕТО „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ“: Фекални бактерии откриени на повеќе локации – што се крие зад ова?

СКАНДАЛ ВО УЧИЛИШТЕТО „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ“: Фекални бактерии откриени на повеќе локации – што се крие зад ова?
Kristal

На денешната прес-конференција, в.д. директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, ги објави првичните резултати од анализите по масовното заболување на учениците во училиштето „Димо Хаџи Димов“. Според нејзините изјави, примероците земени од чешмите, кујната и работните површини покажале присуство на ентеробактерии – јасен показател за недоволна хигиена во училиштето и најверојатна причина за појавата на симптомите кај голем број деца.

Кај едно од децата дополнително е потврден норовирус, познат по својата висока преносливост и по симптоми како оние што ги пријавија учениците. Според Институтот, овој вирус може да се шири брзо, особено во училишна средина.

Андоновска упати итен апел до раководството на училиштето: да се зголеми хигиената, да се набават нови средства за дезинфекција и сапуни, како и да се преземат мерки за одржување на чистотата во просториите. Препорака до родителите е децата со симптоми да не посетуваат настава, а во случај на влошување на здравствената состојба да се јават кај матичен лекар или во Центарот за јавно здравје.

Институциите ќе продолжат со надзор и дополнителни анализи додека трае истрагата околу целосната причина за заразата.

Escape