Во ОВР Кочани била пријавена сериозна интервенција откако во еден дом во Кочани, сопственост на 50-годишниот А.М., избувнал пожар, соопштуваат од СВР Штип. Пожарот се проширил во куќата, па на местото веднаш реагирале противпожарните служби.
За време на гаснењето, 43-годишната О.С. вдишала чад и добила повреда на раката, додека нејзината 17-годишна ќерка, исто така, вдишала чад. Двете биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им била укажана соодветна лекарска помош.
Пожарот бил ставен под целосна контрола и изгаснат од Територијалната противпожарна единица Кочани. Од СВР Штип информираат дека е извршен увид на местото на настанот и се работи на утврдување на причините за пожарот.
















