ПРВ.мк
Црна Хроника

„Шприц полн со смрт: Македонец се обидел да ја ликвидира сопругата – откриено што сакал да ѝ вбризга!“

„Шприц полн со смрт: Македонец се обидел да ја ликвидира сопругата – откриено што сакал да ѝ вбризга!“
Kristal

Струмица е потресена од нов шокантен обид за убиство – маж се обидел да ја ликвидира сопругата со смртоносна течност, па ја нападнал со нож. Смртоносниот шприц, според првичните информации, најверојатно содржел пестицид.

Во семејниот дом во селото Просениково, 48-годишен маж во средата се обидел да ја убие својата сопруга на монструозен начин. Прво ја фатил за главата и со шприц се обидел насилно да ѝ вбризга опасна течност во устата. Жената почнала да се брани и да вика, по што интервенцијата на децата била пресудна.

Според истрагата, нападот се случил пред очите на двете малолетни деца, кои веднаш потрчале кон мајка си и се обиделе да го спречат таткото. Искористувајќи го метежот, жената успеала да избега во бањата, но агресијата продолжила. Осомничениот ја следел, ја турнал во кадата, ја притиснал со колено и почнал да ѝ нанесува посекотини со нож – директно во пределот на вратот, опасно блиску до каротидната артерија.

Во последен момент, роднини кои биле повикани од децата успеале да го одвлечат напаѓачот и да ја извлечат жената од смртоносната ситуација.

По пријавувањето, јавен обвинител побара мерка притвор за осомничениот, кој веќе се товари за обид за убиство. Жената пред обвинителството потврдила дека долги години трпела физичко и психичко насилство, но од страв никогаш не го пријавила.

Овој случај повторно го отвора прашањето за скриеното домашно насилство во Македонија – трагедіја што често останува зад затворени врати сè додека не е предоцна.

Escape