ПРВ.мк
Црна Хроника

Куќи под закана: Свлечиште во Шипковица го потресе селото - еве што ги очекува доколку продолжат врнежите

Куќи под закана: Свлечиште во Шипковица го потресе селото - еве што ги очекува доколку продолжат врнежите
Kristal

Поради обилните врнежи на западот од земјата, преку единствениот број за итни повици 112 е пријавено свлечиште во селото Шипковица. Свлечиштето се наоѓа во населено место и претставува непосредна опасност за жителите, при што директно се загрозени четири куќи.

Активиран е Кризниот штаб на Општина Тетово, а на терен се присутни екипи од ЦУК, СВР Тетово и Градежниот инспекторат на Општина Тетово. Местното население доби упатства да го напушти живеалиштето како превентивна мерка поради ризик од нови свлечишта.

Исто така, на територијата на Општина Штип се регистрирани одрони на камења на патниот правец Делчево – Истибања. Екипите на ЈП „Македонија пат“ интервенираат редовно и засега нема застои во сообраќајот.

На патниот правец кон село Моштица во Општина Македонска Каменица, екипи на ЈП „Камена река“ го исчистија одронот, и сообраќајот на тој дел од патот се одвива редовно.

Ситуацијата покажува дека обилните врнежи го зголемуваат ризикот од природни појави кои можат да ја загрозат инфраструктурата и безбедноста на населението, а локалните власти и службите на терен се активни за навремено интервенирање.

Escape