ПРВ.мк
Магазин

Почнуваат Божиќните пости - Зошто овие 40 дена се толку важни за душата?

Почнуваат Божиќните пости - Зошто овие 40 дена се толку важни за душата?
Kristal

На 28 ноември започнуваат Божикните пости, кои траат 40 дена и завршуваат со празникот Рождество Христово – Божик, на 7 јануари. Денес, 27 ноември, се нарекува и Божикни поклади, а се одбележува и споменот на Апостол Филип.

Православната црква го востановила Божикниот пост како време за духовно прочистување на верниците пред празникот. Целта е преку покајание, молитва и воздржување од храна, верниците да пристапат кон Рождеството со чисти срца, душа и тело, нудејќи духовни дарови наместо материјални. Постот помага во насочување кон следење на учењето на Исус Христос и развивање на благоговение кон Божјото присуство.

Правилата на постот одредуваат кои денови се строго воздржување, а во кои е дозволено користење на масло, вино или риба. Верниците се стремат строго да ги почитуваат овие црковни прописи, за духовно и телесно да се подготват за големиот христијански празник.

Годинава, табелата со датумите, деновите на строг пост, дозволената храна и празниците им овозможува на верниците да го следат постот правилно и со духовно внимание.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK