ПРВ.мк
Магазин

Има милиони, но живее како просечен човек: купува мебел на бувљак и се појавува на настани како „обичен човек“

Има милиони, но живее како просечен човек: купува мебел на бувљак и се појавува на настани како „обичен човек“
Kristal

Адам Сандлер, холивудската ѕвезда позната по својата комична кариера, повторно ги изненади фановите со својот необичен начин на живот. Иако неговото богатство се проценува на над 800 милиони долари, актерот живее далеку од луксузот што обично се поврзува со холивудските sвезди.

На премиерата на филмот „Џеј Кели“ во Париз, Сандлер се појави во лежерна облека – шорцеви, маички и преголеми дуксери со качулка, без елегантен костум или скапи детали. Неговите избори на модата покажуваат дека тој не се води по холивудскиот сјај, туку по својот личен стил на едноставност.

Иако поседува скапи автомобили, куќата во која живее е скромна, а мебелот често го купува на бувљак. Неговата омилена храна се едноставни јадења како плескавици и бургери, а возење велосипед е дел од неговата секојдневница.

Но, скромноста на Сандлер не е само во стилот на живеење. Актерот е познат и по хуманитарната работа:

  • Донирал 10 милиони долари на детска болница.
  • Инвестирал 80 милиони долари во уметнички програми за деца.
  • Допринел 50 милиони долари за семејства погодени од природни катастрофи.

Јавноста има поделени мислења – некои го фалат како пример за вистинска скромност, додека други сметаат дека богатството сепак не е запоставено. Сепак, Адам Сандлер со својот начин на живот покажува дека славата не мора да значи помпезност – можно е да се живее едноставно, со фокус на човечност и хуманост.

Escape