Анкетата на Ипсос покажува дека граѓаните на Хрватска се најмногу загрижени за зголемувањето на цените и насилството меѓу врсниците, а потоа следат воените конфликти и влијанието на имигрантите врз културата и начинот на живот.
Само 14% од Хрватите им веруваат на државните институции, а довербата во медиумите е уште помала – само 13%. Три четвртини од граѓаните се загрижени за падот на животниот стандард, а повеќе од 78% го следат внимателно падот на куповната моќ.
Речиси 73% се загрижени за воените конфликти, а 71% го поддржуваат воведувањето на задолжителна воена служба. Сепак, половина од граѓаните не сакаат вклучување на Хрватска во интервенции на НАТО.
Анкетата покажува дека граѓаните се чувствуваат загрозени и од државниот надзор – над 61% не се согласуваат со ограничување на личните слободи за зголемена безбедност. Во меѓувреме, ставот кон странските работници станува сè поостар – само еден од пет граѓани го поддржува нивното доаѓање, а речиси половина сметаат дека имигрантите претставуваат закана за културата и традицијата.
Една третина од испитаниците очекуваат подобрување на животот во следните години, но исто толку веруваат дека животниот стандард ќе се влоши.














