ПРВ.мк
Свет

Се најавува воведување на воена служба, ама само под еден услов!

Се најавува воведување на воена служба, ама само под еден услов!
Kristal

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, најави воведување на десетмесечна доброволна воена служба за младите, но само на француска територија.

Според планот, првите 3.000 млади лица на возраст од 18 до 19 години ќе се пријават веќе следното лето, а до 2035 година се очекува бројката да достигне 50.000 годишно. Времетраењето на службата ќе биде 10 месеци, со еден месец на интензивна обука.

Макрон истакна дека програмата е целосно доброволна и нема да вклучува испраќање на војници во странство, освен доколку тоа е во рамките на одредени операции како поддршка на Украина. Селекцијата ќе започне во јануари 2026 година.

Според него, овој проект има за цел да ги вклучи младите во одбраната на земјата и да ги подготви за граѓански и одбранбени обуки, без да ги принудува да учествуваат во странски конфликти.

Escape