ПРВ.мк
Свет

ХАМАС ПРИЗНА ДЕКА Е ОПКОЛЕН ОД ИЗРАЕЛ – НИВНОТО БАРАЊЕ ГО ШОКИРА СВЕТОТ!

ХАМАС ПРИЗНА ДЕКА Е ОПКОЛЕН ОД ИЗРАЕЛ – НИВНОТО БАРАЊЕ ГО ШОКИРА СВЕТОТ!
Kristal

Палестинското движење Хамас првпат јавно призна дека дел од неговите борци се заробени длабоко во подземните тунели во Појасот Газа. Организацијата побарала од земјите-посредници да извршат силен притисок врз Израел за да им се овозможи безбеден излез – признание кое отвори нова, драматична димензија на конфликтот.

Информацијата доаѓа по тврдењата на израелската армија дека минатата недела елиминирала над 20 припадници на Хамас кои наводно се обиделе да избегаат од т.н. „подземна терористичка инфраструктура“, а дополнително привела уште осум лица.

Од Хамас порачуваат:„Го сметаме Израел целосно одговорен за животите на нашите борци и ги повикуваме посредниците веднаш да делуваат.“

Израелските медиуми веќе недели шпекулираат дека меѓу 100 и 200 борци се блокирани под градот Рафах – зона под строга израелска контрола.

Ситуацијата е уште потензична по договорот за прекин на огнот од 10 октомври, кој предвидува израелските сили да се повлечат зад т.н. „жолта линија“. Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф неформално спомена дека токму овие заробени борци би можеле да бидат клучниот тест за тоа дали двете страни навистина го почитуваат примирјето.

Израел, пак, останува непопустлив. Портпаролот на владата за АФП изјави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху „не планира да дозволи безбеден коридор за 200 терористи на Хамас“, укажувајќи дека целта останува демонтирање на воените капацитети на организацијата.

Драмата под земја продолжува, а меѓународниот притисок расте.

Escape