Регулаторната комисија за енергетика објави нови цени на горивата, а најголемата промена ја добиваат возачите кои точат дизел.
Според најновата одлука:
- ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтинува за 2,50 денари, и новата цена изнесува 70,50 ден/лит.
- Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 2 денари, и од денеска чини 67,50 ден/лит.
Од друга страна, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС остануваат исти:
- БС-95: 75,00 ден/лит
- БС-98: 77,00 ден/лит
- Мазут М-1 НС: 34,865 ден/кг
Ова намалување е добра вест за граѓаните во пресрет на ладните денови, кога трошоците за гориво традиционално растат.
















