ПРВ.мк
Црна Хроника

Аларм во Карпош: Уште три деца хоспитализирани – што стои зад ненадејното хоспитализирање на деца?

Аларм во Карпош: Уште три деца хоспитализирани – што стои зад ненадејното хоспитализирање на деца?
Kristal

Се проширува бројот на ученици од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопско Влае кои завршуваат на болница. Синоќа на Клиниката за детски болести биле примени уште тројца ученици со истите симптоми како и претходно пријавените: дијареа, повраќање и покачена температура.

Според првичните епидемиолошки анализи, постои сомневање дека станува збор за труење, изјави директорот Мемеди. Сепак, од Институтот за јавно здравје со прецизен став дека конечната причина ќе биде позната утре, кога ќе бидат готови резултатите од земените мостри.

Директорката на Институтот, Андонова, информираше дека се земени примероци од повеќе видови храна – млеко, мусли, мусака со месо и кроасан. Анализирана е и вода од неколку чешми, како и брисеви од училниците и кујната.

Интересен и необичен е податокот дека дел од учениците кои развиле здравствени симптоми воопшто не ја користеле училишната кујна, што дополнително ја отвора дилемата за изворот на проблемот.

Од училиштето „Димо Хаџи Димов“ денес известуваат дека немало нови случаи на ученици со знаци на труење и дека наставата во поголем дел се одвивала нормално. Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, истакна дека ситуацијата не смее да се користи за создавање паника и додаде дека и самиот овие денови имал стомачни тегоби.

Овој случај почна вчера, кога повеќе од 40 ученици од истото училиште се пожалија на дијареа и стомачни болки. Меѓу нив беше и синот на премиерот Христијан Мицковски.

Escape